Има ли опасност дека чекмеџето за идните пензионери се празни?
Опозициската СДСМ предупредува дека Владата го загрозува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вториот пензиски столб, откако изминатите денови во јавноста гувернерот на Народната Банка Трајко Славевски предупреди дека пензионерите што во наредните години ќе почнат да се пензионираат преку вториот пензиски столб би можеле да се соочат со непријатно изненадување – нивните пензии да не стигнат ни до минималната пензија што би се исплатувала преку државниот фонд.
Препорачано
Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, обвини дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски систематски го уништува пензискиот систем. Од СДСМ велат дека дупката во ПИОМ е зголемена за 40 проценти, а и вториот пензиски столб е загрозен. Додадоа дека владата сака да ги пренасочи парите што граѓаните ги уплаќаат во приватните пензиски фондови, во државниот фонд со што вториот столб би ослабнал и би ги направил идните пензионери зависни од државниот буџет. Од владејачката партија ги отфрлаат ваквите наводи, посочувајќи дека исплатата на пензиите е стабилна, и дека нема простор за загриженост.
-Ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа претставниците на СДСМ, како што наведуваат, да престанат со „бесмислени и нереални тврдења“ и да не шират страв меѓу граѓаните.
Славески откри поради кого 80-90 отсто од новите пензионери нема да имаат ни минимална пензија


