Владимир Путин / Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Путин: Ги гледаме проблемите, но ќе ги надминеме

Претседателот на Русија Владимир Путин на конгресот на неговата владејачка партија „Единствена Русија“ одржан денеска, вети дека неговата влада може да ја обезбеди безбедноста во услови на чести украински напади. Тој го опиша сегашниот период како судбоносен за земјата, пренесува ТАСС.

Путин ги нарече руските војници кои се борат во војната против Украина „вистинска елита“ на Русија.

Несомнено ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме денес. Да, ги гледаме проблемите, свесни сме за нив и реагираме на нив, но сигурно ќе ја обезбедиме безбедноста и на земјата и на нашите граѓани, како и неповредливоста на границите на Русија. Несомнено ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме денес, вклучувајќи ги и терористичките напади врз нашата територија и инфраструктурните објекти рече Путин.

Изјавите на Путин доаѓаат во време кога Украина ги засили своите напади со беспилотни летала на долг дострел врз руските рафинерии за нафта, фабриките за оружје и логистичката инфраструктура.

Нападите се одговор на тековната руска инвазија на Украина, која започна во февруари 2022 година.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, во објава на социјалната мрежа „Икс“ денеска соопшти дека украинските сили извршиле нови напади врз две рафинерии за нафта во Русија. Нападите се случуваат во време кога Украина го слави Денот на Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот