Шкотска по елиминацијата од Мундијалот остана без селектор
Стив Кларк неочекувано поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска, откако неговата селекција остана без пласман во нокаут фазата на Мундијалот.
Препорачано
Иако пред почетокот на Светското првенство потпиша нов договор со важност до 2030 година, 62-годишниот стратег реши да се повлече по елиминацијата. Шкотите групната фаза ја завршија со порази од Мароко и Бразил, додека единствената победа ја остварија против Хаити со 1-0.
Кларк ја предводеше Шкотска на три големи натпреварувања, вклучувајќи ги Европските првенства во 2021 и 2024 година, а во изминатите седум години стана еден од најуспешните селектори во историјата на националниот тим.
Во прошталното писмо до навивачите, тој порача дека најтешко му паѓа разделбата со фудбалерите.
„Без нив немаше да ги имаме сите тие незаборавни моменти што ги создадовме од 2019 година до денес. Тие ги заслужуваат сите пофалби и признанија што ги добиваат и беше вистинска чест да бидам нивен селектор. Ви благодарам за довербата и му посакувам многу среќа на мојот наследник“, порача Кларк.
Настапот на годинашното Светско првенство беше прв за Шкотска на Мундијалите по пауза од 1998 година, но селекцијата се најде во исклучително тешка група.
Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот
Листа на најмали држави кои играле нокаут фаза на Мундијал: Зеленортски Острови се на врвот


