Фото: FHF - Fédération Haïtienne De Football

Од четири најлоши репрезентации во историјата на Мундијалите, три играле на ова Светско првенство

ФИФА ја објави ранг-листата на сите репрезентации кои настапиле на Светските првенства во периодот од 1930 до 2026 година.

На врвот и натаму се наоѓа Бразил со 254 бода, пред Германија со 231 и Аргентина со 167. Во првите десет се уште Италија (156), Франција (140), Англија (125), Шпанија (117) и Холандија (111).

На спротивниот крај од листата, по завршувањето на групната фаза на годинашниот Мундијал, се најдоа дури три селекции кои настапија на ова Светско првенство година. Хаити, Ирак и Панама го делат последното место со Ел Салвадор, откако сите четири репрезентации имаат по шест порази од шест одиграни натпревари на Мундијалите.

Ел Салвадор и понатаму останува на дното според гол-разликата, со само еден постигнат и дури 22 примени гола. Во негативната статистика особено се издвојува поразот од Унгарија со 10-1 на Светското првенство во 1982 година, кој и денес е еден од најтешките во историјата на натпреварувањето.

Ел Салвадор настапуваше на Мундијалите во 1970 и 1982 година, Хаити во 1974 и 2026, Ирак во 1986 и 2026, додека Панама учествуваше на Светските првенства во 2018 и 2026 година.

Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот

Казна за Уругвајците — ќе се враќаат дома со редовни авионски линии

Листа на најмали држави кои играле нокаут фаза на Мундијал: Зеленортски Острови се на врвот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот