На мајката што го удираше своето бебе од асфалт во Тетово, претходно ѝ било одземено и друго бебе кое го оставила надвор на студ, необлечено
Жената што пред 2 недели го удираше своето бебе од асфалт во Тетово, а го спасија случајни минувачи, претходно се соочила со одземање на родителското право за уште две деца што ги родила во други градови, тврдат за „Телма“ од Центарот за социјални работи Тетово повикувајќи се на нејзината изјава во Центарот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Бебето е во згрижувачко семејство, а евиденцијата на тетовскиот Центар за социјални работи покажува дека на мајката не ѝ е првпат да ѝ бидат одземени децата. Телма објави дека две деца ѝ се одземени во 2024 година бидејќи биле занемарени од неа и вонбрачниот партнер со кој живее во тетовско Сараќино.
Тогаш Центарот добил пријава од мештани на Сараќино дека двете деца се оставени на улица, повредени и без облека.
По завршените прегледи на малолетните деца и тоа машко скоро 1 година возраст и другото женско на 1 месечна возраст, беа најдени во раните утрински часови надвор, голи не се соодветно облечени. Машко дете беше со видливи повреди. По утврдување на фактичката состојба е утврден висок ризик за безбедност и сигурноста на децата, стручни лица при ЈУЦСР Тетово констатира дека во најдобар интерес на децата е истите да бидат згрижени во згрижувачко семејство каде ќе добијат соодветна грижа, нега и здравствена заштита изјави за „Телма“ Магдалена Веселиновска, директорка на Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово.
Таа додава дека жената формално е во брак со човек кој е во затвор со кого не живее заедно 1 година.
Откако минувачи на 14 јуни и го одзедоа тримесечното бебе за да го спасат од претепување, тоа беше на болничко лекување повеќе од една недела.
Мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово, ужаснати очевидци ѝ го одзеле


