Европа „изгоре“: Топлотниот бран наместо „еднаш во генерација“ сега се случува секоја година – стотици починаа
Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс.
Препорачано
Тој истакна дека Европа е „континентот што се загрева најбрзо на Земјата“, затоплувајќи се двојно повеќе од глобалниот просек, со околу 150 милиони луѓе што моментално живеат под екстремна топлина.
-Стотици починаа, училиштата се затворени. Поради климатските промени и глобалното затоплување, феноменот на топлотен бран што се случува „еднаш во генерација“ сега се случува речиси секоја година. Бевме предупредени, рече тој.
Тедрос го опиша топлотниот стрес како „тивок убиец“, истакнувајќи дека европските домови, работни места и училишта не се дизајнирани да издржат толку високи температури.
Тој рече дека СЗО работи со земјите-членки и партнерите за зајакнување на подготвеноста, превенцијата и одговорите на здравствениот систем на екстремна топлина.
Топлотниот бран носи температури над 40 степени, метеоролозите прогнозираат до кога ќе трае
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
23мин
-
48мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


