Студентски протести во Белград, Србија - Избор N1

ВИДЕО | „Сè се гледа на Видовден“ – почнаа протестите против владеењето на Вучиќ

Илјадници демонстранти се очекува да се соберат во српскиот град Краљево денеска, еден ден откако претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе се повлече, отворајќи го патот за предвремени претседателски и парламентарни избори, пишува „Ројтерс“. Протестот е под слоганот „Сè се гледа на Видовден“. Официјалните говори се закажани за 18 часот и 15 минути.

Вучиќ, кој е на власт како премиер или претседател 12 години, се соочи со месеци протести предводени од студенти, предизвикани од уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад кон крајот на 2024 година, при што загинаа 16 лица.

Инцидентот стана симбол за она што многумина го сметаат за лошо управување со владата и корупција под Вучиќ, а протестите што следеа беа најголемите во Србија од соборувањето на Слободан Милошевиќ во 2000 година.

-Ова не е само политичка борба, туку борба меѓу доброто и злото, рече Јелена Даничиќ, професорка по српски јазик, која се сретна со пријателите во центарот на градот пред митингот, пренесува „Ројтерс“.

Кога пристигнаа во Краљево, присутните ги пречекаа тезгите на кои се продаваа маички со натпис „Студентите победуваат“.

Она што започна како барања за правда за загинатите подоцна се претвори во повици Вучиќ да се повлече и предвремени избори.

Аналитичарите велат дека никој не очекува Вучиќ да исчезне од политичката сцена и дека може да се обиде да се кандидира за премиер и да постави сојузник во претседателската функција за да може да продолжи да ја држи власта.

-Не можам да замислам дека ќе се повлече и ќе му ја препушти власта на некој друг, рече за Ројтерс Марко Ѓокиќ, 41-годишен ИТ експерт кој се вратил во својот роден град за протестите.

Србија, е кандидат за членство во ЕУ, но Белград сè уште има силни врски со Русија и Кина, линија по која Вучиќ мораше внимателно да оди. Брисел и Москва ќе следат како ќе се одвиваат настаните во наредните недели. ЕУ ја осуди употребата на сила против мирни демонстранти. Исто така, изрази загриженост за слободата на печатот и независноста на судството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот