Фото: илустрација / Митко Јанчев / Фејсбук

На три места горат пожари на отворено попладнево во Македонија

Денеска до 14 часот во Македонија се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари:Општина Дебар – с. Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума);Општина Куманово – населба Перо Чучо (депонија и ниска вегетација);Општина Пехчево – депонијата во Пехчево (депонија).

Пожарот ставен под контрола е оној на депонијата во селото Дворци, Општина Пласница.

Целосно се изгаснати пожарите во: Општина Валандово – с. Казан Дол (ниска вегетација);Општина Гази Баба – с. Инџиково (ниска вегетација);Општина Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација);Општина Врапчиште – во близина на „Риал Компани“ (ниска вегетација), соопшти ЦУК.

Драма кај „Ќафасан“, кола се запалила во движење — возачот успеал да се спаси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот