Неделен хороскоп од 28 јуни до 4 јули: Што го очекува секој знак во наредните седум дена
Дознајте што ви предвидува неделниот хороскоп од 28 јуни до 4 јули, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, дома и во семејството, дали ќе се согласувате со членовите на семејството и пријателите, како ќе ве служи здравјето…
Препорачано
Овен
Работа: Секстил Јупитер и Марс во куќата на работата на 28 јуни, ви носи пари преку недвижности, маркетинг, кратки патувања. Ретроградниот Меркур на 29 јуни ве прави растргнати помеѓу работата и семејството, особено во времето на полната Месечина на 29 јуни. Вашиот креативен и лидерски дар доаѓа до израз кон крајот на јуни. Спој на Марс и Уран во куќата на бизнисот на 4 јули, пари преку патување, интернет.
Љубов: Вашиот владетел Марс, планетата на конфликтите, влегува во куќата на комуникациите на 28 јуни, носејќи ви кавги со роднините, а на 29 јуни со членовите на семејството. Влегувањето на Јупитер, по 12 години, во куќата на љубовта, на 30 јуни, на слободните Овни им носи нова врска којашто може да заврши со брак и бременост, односно со проширување на семејството.
Здравје: Висок притисок, главоболка.
Бик
Работа: Влегувањето на Марс, планетата на акцијата, во куќата на работата на 28 јуни ви носи нови идеи и начини на заработка. Ретроградниот Меркур, од 29 јуни, носи на наплата заостанати сметки, а на истиот ден, Полната Месечина носи успех во студиите, патувањата, решавањето правни прашања. Не се препорачува купување недвижност по 30 јуни, кога се можни и проблеми со поделбата на имотот. Ненадејна добивка на 4 јули.
Љубов: По 12 години, Јупитер, планетата на експанзијата која управува со вашиот интимен живот и страстите, на 30 јуни влегува во куќата на приватниот живот, носејќи ви проблеми дома, расправии, недоразбирања и конфликти со членовите на семејството. Во средината на периодот, ве очекуваат повеќе излегувања и нови средби и познанства.
Здравје: Проблеми со желудникот.
Близнаци
Работа: Марс, по две години, на 28 јуни влегува во вашиот знак, носејќи ви прилив на енергија и ентузијазам. Со ретроградниот Меркур во куќата на парите, од 29 јуни, воведувате мерки за штедење, а со полната Месечина во куќата на парите, завршувате важни финансиски прашања. Од средината на периодот, напредување во кариерата, соработка со угледни личности, договор за профитабилна работа. Голем успех на 4 јули.
Љубов: Влегувањето на Јупитер, планетата на благосостојба што управува со вашите партнерски односи, по 12 години, во куќата на комуникацијата и флертувањето, на 30 јуни, на слободните Близнаци им носи важни емотивни средби со луѓе, од кои еден ќе стане и нивен брачен партнер или многу брзо ќе прослави свршувачка со него.
Здравје: Подложност на повреди.
Рак
Работа: Меркур се движи ретроградно низ куќата на парите на 29 јуни, па затоа ги завршувате нерешените финансиски прашања. Јупитер во куќата на парите, по 12 години, од 30 јуни, носи напредување во кариерата, успех во студиите, патувања во странство, дури и прекуокеански, решавање правни проблеми и профитабилни договори. Спојот на Марс и Уран во куќата на потсвеста на 4 јули ја нагласува вашата интуиција и ви носи оригинални идеи.
Љубов: Во времето на полната Месечина во куќата на партнерските односи (што се случува еднаш годишно), на 29 јуни ве очекуваат недоразбирања, конфликти, расправии и дискусии со сопружникот или со саканата личност. Ќе ви биде јасно дека ќе мора да донесете важна емотивна одлука за опстанок, продолжување или прекинување на вашата врска, развод или раскинување.
Здравје: Нервоза и несоница.
Лав
Работа: Со Марс, планетата на акцијата, по две години, во куќата на парите, од 28 јуни, решавате важни финансиски прашања, а од 30 јуни и прашања за поделба на брачниот имот, наследство, алиментација, стипендија или инвестирање во новa работа. Напредување во кариерата. Конјукцијата на Марс и Уран во куќата на парите, на 4 јули, ви носи финансиски и успех во приватниот бизнис или јавната работа.
Љубов: Марс влегува во куќата на општествениот живот на 28 јуни, каде што веќе се наоѓа Уран, владетелот на партнерските односи, носејќи ви повеќе излегувања и дружења. Јупитер, владетелот на вашиот емотивен живот, во вашиот знак, по 12 години, од 30 јуни, на слободните Лавови им го носи судбоносниот партнер, брак, проширување на семејството, бременост.
Здравје: Пад на имунитетот.
Девица
Работа: Марс во куќата на кариерата, од 28 јуни, носи проблеми на работа и ненадејна одлука да промените нешто, да дадете отказ или да започнете приватен бизнис. Ретроградноста на вашиот владетел Меркур, кој владее и со вашата кариера од 29 јуни носи враќање на старите идеи и неконвенционалните начини на заработка. По 30 јуни, успех во медицината, уметноста, преку патувања. Проблеми на работа на 4 јули.
Љубов: Во времето на полната Месечина, која управува со вашиот социјален живот, во куќата на љубовта (што се случува еднаш годишно), на 29 јуни, стара симпатија може да се врати во вашиот живот или средба со нов, судбоносен партнер. Слободните Девици ги очекува брак, а оние што планираат потомство и проширување на семејството.
Здравје: Потребата за осаменост или одмор.
Вага
Работа: Марс во Близнаци, каде што по 84 години се наоаѓа и Уран, од 28 јуни (особено од 4 јули) носи одлични шанси за решавање на правните и прашањата поврзани со образованието, патувањата, приватниот бизнис. Ретроградниот Меркур во куќата на кариерата од 29 јуни активира стари деловни и проблеми со шефовите. Јупитер во куќата на парите од 30 јуни носи добивки, соработка со влијателни луѓе.
Љубов: Во времето на полната Месечина во куќата на приватноста, на 29 јуни, ве очекуваат семејни проблеми и конфликти со саканата личност. Можен прекин или промена на односот. Марс во Близнаци, знакот на комуникациите, и влегувањето на Јупитер во куќата на социјалниот живот (по 12 години), на 30 јуни, најавуваат подобрување на односите со партнерот.
Здравје: Подобра здравствена состојба по 30 јуни.
Скорпија
Работа: Почетокот и крајот на периодот носат повеќе пари, но и повеќе трошоци. Ретроградниот Меркур од 29 јуни ве фокусира на завршување на факултетот, правните прашања и патувањата. Во времето на полната Месечина во куќата на комуникациите, 29 јуни, добивате преку профитабилен договор или пократко патување. Јупитер во куќата на кариерата од 30 јуни, носи стагнација на работата, финансиски и проблеми со претпоставените.
Љубов: Вашиот владетел, Марс, планетата на акцијата и страста, по две години, на 28 јуни, влегува во куќата на интимниот живот, носејќи ви средба со харизматична, но малку опасна личност, особено ако сте жена. Јупитер, владетелот на вашиот емотивен живот, на 30 јуни влегува во Лав, знакот на љубовта, носејќи проблеми со партнерот.
Здравје: Проблеми со дишните органи.
Стрелец
Работа: Ретроградното движење на Меркур низ куќата на парите од 29 јуни, кога се формира и полната Месечина во вашата куќа на работата, негативно влијае на вашите финансии, инвестиции, па ќе мора да промените нешто. Вашиот владетел Јупитер влегува во деветтата куќа на 30 јуни, носејќи ви успех во странство, високото образование, правните прашања, патувањата во странство или јавната служба.
Љубов: Марс, планетата на страста, влегува во куќата на бракот на 28 јуни, каде што по 84 години се наоѓа и Уран, носејќи ви турбуленции во вашите партнерски односи, ненадејни прекини и исто такви помирувања (4 јули). Вашиот владетел Јупитер, планетата на благосостојба, експанзија, на 30 јуни влегува во знакот на љубовта и децата, носејќи проширување на семејството.
Здравје: Проблеми со крвниот притисок.
Јарец
Работа: Почетокот на периодот носи успех во приватниот бизнис, трговијата со храна. Влегувањето на Јупитер, планетата на просперитет, по 12 години, во куќата на парите, на 30 јуни, ве фокусира на финансиите и поделбата на имотот, алиментацијата, наследството, кредитот, стипендијата. Конјукцијата на Марс и вашиот владетел Уран, во куќата на работата, на 4 јули, носи добивки преку неконвенционални видови на заработка.
Љубов: Меркур, планетата на комуникацијата, на 29 јуни се движи ретроградно низ куќата на партнерските односи, изнесувајќи на виделина стари проблеми во врската со саканата личност. Можен развод, раскинување. Во времето на полната Месечина, владетелот на партнерските односи, во вашиот знак, на 29 јуни, донесувате важна емотивна одлука.
Здравје: Подложност на повреди.
Водолија
Работа: Марс, владетелот на вашата кариера, по две години, на 28 јуни, влегува во куќата на креативноста, каде што се наоѓа вашиот владетел Уран, носејќи успех во приватниот бизнис и напредување во кариерата. Ретроградното движење на Меркур низ куќата на работата на 29 јуни ги враќа на дневен ред недовршените работи. Јупитер влегува во куќата на јавноста на 30 јуни, носејќи ви социјален успех и подобри финансии.
Љубов: По 12 години Јупитер влегува во куќата на бракот на 30 јуни, носејќи им на слободните Водолии нова љубов, судбоносен партнер, почитувана и влијателна личност, можеби странец и бременост за оние кои планираат потомство (4 јули во времето на конјукцијата на Марс и Уран во куќата на љубовта). Зафатените Водолии ги очекува преродба на емотивна врска или брак.
Здравје: Интроспекција. Враќање на стари проблеми. Подложност на стравови.
Риби
Работа: Почетокот на периодот носи финансиски и проблеми поврзани со студиите, патувањата или документацијата во странство. Се фокусирате на работата што сте ја започнале, но немавте време да ја завршите. Јупитер во куќата на работата, по 12 години, на 30 јуни, носи успех во приватниот бизнис, проширување на работата и соработка со влијателни луѓе. Напредување во кариерата.
Љубов: Марс на 28 јуни влегува во куќата на приватноста каде што се наоѓа Уран, носејќи големи семејни проблеми, дури и насилство (4 јули), преселба. На 29 јуни, Меркур, владетелот на партнерските односи, се движи ретроградно преку куќата на љубовта, носејќи нова врска и проширување на семејството или средба со поранешен партнер.
Здравје: Подобрување на здравствената состојба, пишува „Магазин.Новости.рс“.


