Фото: принтскрин од видео од X / Kairos09

Две момчиња спасени од урнатините на земјотресот во Венецуела, каде беа заробени со денови

Две 11-годишни момчиња се спасени во два одделни случаи, од урнатините зградите што се срушија во Венецуела која беше погодена од силни земјотреси, објави Би-Би-Си.

Видео снимки од првото момче, именувано како Мојсес, го прикажуваат како е извлечен од урнатините – неговите очи се покриени за да го заштитат од сонцето а го дочекува аплаузот на спасувачите.

Часови подоцна, привремената претседателка Делси Родригез објави дека е спасено уште едно 11-годишно момче и објави видео од него на социјалната мрежа Икс, како го носат на носилка откако е извлечен од голем насип.

Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени во средата одзедоа најмалку 1.450 животи. Десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Повеќе од три дена по земјотресите, спасувачите не се откажаа од надежта, велејќи дека луѓето сè уште би можеле да бидат живи, особено ако имаат пристап до храна и вода под урнатините.

Двата земјотреси, кои се случија во рок од 39 секунди, предизвикаа уривање на стотици згради, а многу луѓе останаа заробени внатре. Очајните семејства рачно копаат низ урнатините, обидувајќи се да ги пронајдат своите најблиски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот