Државата и мафијата станаа како „прст и нокт“, рече на протестот во Краљево вечерва пратеничка за 5-те тони марихуана од Македонија
Денеска во Краљево заврши собирот насловен „Сè се гледа на Видовден“, организиран од студентите. Клучната порака од собирот беше – „се ближи крајот на владеењето на СНС, студентите победуваат“, пренесе Н1. Главната програма започна во 18 часот а меѓу споменатите теми во говорите, беа и петте тона марихуана од Македонија кои во јануари 2026, ги заплени српската полиција на имот во селото Коњух, во близина на Крушевац, Србија. Дрогата, проценета на вредност меѓу 7 и 10 милиони евра, била прошверцувана од Македонија, лажно декларирана како „квалитетни лесни перници од Прилеп“.
Препорачано
Јелена Павловиќ, адвокатка и пратеничка од Белград, на вечерашниот собир рече дека студентите го претставуваат „херојскиот континуитет и упорност на слободарскиот дух на својот народ“, но петте тони марихуана ги спомена во нов контекст – дека „државата и мафијата станале како прст и нокт“.
Скандалот Коњух докажува дека скандалот со Јованица не бил случајност. Тони и тони државна марихуана се одгледуваат под контрола на безбедносните служби, додека партиските функционери управуваат со складишта за дрога, рече таа.
Татковината се брани со вистината, а не со климање со глава“, рече Лазар Стевановиќ, студент на Земјоделскиот факултет, еден од деветмината уапсени по протестот на Видовден во 2025 година.
Пензионираниот универзитетски професор Чедомир Чупиќ вели дека студентското движење направило важен чекор напред – дека за првпат дејствува против власта. Тој смета дека сите оние што биле дел од извршната и законодавната власт, од републичко до локално ниво, треба да подлежат на лустрација – односно дека повеќе не смеат да бидат избирани, како и дека мандатите на највисоките државни функции треба да бидат ограничени. Тој исто така забележа дека студентите прекршиле еден од своите принципи на денешниот собир во Краљево – имено, дека меѓу говорниците имало и пратеничка.
Студент на Машинскиот факултет во Краљево изјави дека училиштето не смее да биде место на страв и дека наставникот не е непријател затоа што мисли, ниту професорот закана затоа што ги поддржува младите луѓе.
-Училиштето мора да остане место каде што се негуваат слободата, знаењето и достоинството, нагласи студентот.
Тој рече дека градоначалникот на Краљево, Предраг Терзиќ, треба да ги претставува сите граѓани и дека е опасно кога учениците се навредуваат, се нарекуваат непријатели или „усташи“ од таква позиција.
-Студентите не се непријатели, сите ние сме деца на овој град – и оние што заминале од тука и оние што дошле да напредуваат. Ако денес ги поздравувате со навреди, тогаш им кажувате дека нема место за нив тука, рече студентот, додавајќи дека се противи на ова.
„КОД“ открива: Марихуаната од Македонија во Србија влегла како „квалитетни лесни перници“


