Фото МВР на Србија
Фото МВР на Србија

„КОД“ открива: Марихуаната од Македонија во Србија влегла како „квалитетни лесни перници“

Во емисијата „Код“ на Телма вечерва беа откриени детали за тоа како марихуаната која што беше фатена во Србија во Коњух била транспортирана од Македонија во Србија. Имено, според „КОД“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија. Но, во камионот наместо перници, имало 200 кутии од по 6 килограми марихуана, натоварени во камионот на паркинг кај Свети Николе. Марихуаната на паркингот кај Свети Николе била донесена од повеќе возила од Алфафарм без полициска придружба и претоварена во камионот претходно деклариран како да ќе извезува перници за Англија.  Перниците биле извадени од првиот камион и претоварени во втор камион, за да се направи место за кутиите марихуана. Возач на камионот бил Александар Ивановски кој е сега притворен.

Преминот на камионот натоварен со марихуаната бил на Стара Нова Година, ноќта меѓу 13 и 14 јануари. Марихуаната била спакувана во двојно најлонско пакување, за да се намали мирисот и да не се предизвика внимание на кучињата трагачи на граница, објави КОД.

Во декември 2025 година вработените во Алфафарм добиле наредба да спакуваат над 8.800 килограми канабис во кутии кој бил донесен од струмички фабрики, по што работниците за 2 недели ја завршиле работата а потоа газдите ги испратиле на колективен одмор, открива КОД.

Никој не ја намирисал марихуаната и таа не поминала детална проверка на граница. Излезот и транзитот ѝ е како „перници“.

Уште една информација откриена во емисијата од страна на министерот за здравство Азир Алиу, е дека од 10 фирми за одгледување медицински канабис во земјава врз кои бил извршен инспекциски надзор, лиценцата ќе им биде одземена на 6.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот