Фото: Уставен суд

Собранието ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски

Собранието на почетокот на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски.

Како што соопшти потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, Наумовски информирал дека нема да ја образложи оставката пред пратениците.

– Врз основа на член 121 став 1 од Деловникот на Собранието, судијата на Уставниот суд доктор Гоце Наумовски може да ја образложи оставката, но бидејќи сум известен дека судијата на Уставниот суд нема да ја образложи оставката на седницата на Собранието, констатирам дека согласно член 121 став 2 од Деловникот на Собранието, на уставниот судија му престанува функцијата – рече Милошоски.

Уставниот судија Гоце Наумовски на 16 јули поднесе оставка од функцијата. Од Уставниот суд тогаш информираа дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

По неговото заминување, Уставниот суд ќе остане со седум судии.

Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава со 63 гласа „за“, седум против и без ниеден воздржан.

Претседателот на Уставен Костадиновски го испофали „Безбеден град“ пред Судот да одлучува по четири претставки со кои проектот се оспорува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот