Тејлор Свифт и Мети Хили / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ВИДЕО | Поранешното момче на Тејлор Свифт се ожени две недели по нејзината свадба

Фронтменот на британскиот бенд „Д 1975“, Мети Хили, стапи во брак со американската манекенка и музичарка Габриет Бехтел, само две недели откако неговата поранешна девојка, поп-ѕвездата Тејлор Свифт, го кажа судбоносното „да“ на американскиот НФЛ-играч Тревис Келси.

Хили (37) и Бехтел (28) се венчаа во саботата на приватна церемонија во Лос Анџелес, одржана на поранешниот имот на Мадона во Холивуд Хилс. Музичарот носеше црн смокинг, додека невестата избра класична бела венчаница.

Двојката е во врска од септември 2023 година, а свршувачката ја објавија во јуни 2024 година. Тогаш мајката на Хили, телевизиската водителка Денис Велч, јавно изјави дека не можела да биде посреќна поради нивната одлука.


Меѓу гостите на свадбената церемонија беа пејачката Чарли Екс-си-екс и нејзиниот сопруг Џорџ Даниел, кој е тапанар на „Д 1975“, како и Анастасија Караниколау, Фаи Кадра, Алекс Консани, Девон Ли Карлсон, Дјук Николсон, Сидни Лин Карлсон, Тајрел Хемптон, Алекс О’Конор и Квенлин Блеквел.

Во пресрет на свадбата, на социјалните мрежи се појавија снимки од ергенската забава на Хили, на која настапувал со трибјут-бендот „Д 9075“, изведувајќи песни од сопствената група. Во меѓувреме, Бехтел ја прослави моминската вечер во Лас Вегас.

Веста за свадбата доаѓа две недели откако Тејлор Свифт се омажи за Тревис Келси. Хили и Свифт беа во кратка врска во 2023 година, по раскинувањето на пејачката со актерот Џо Алвин.

Нивната романса траеше само неколку недели. Во тоа време извори блиски до парот тврдеа дека двајцата биле „во многу рана фаза од врската“, но дека биле силно вљубени и сакале јавно да ја живеат својата љубов. Сепак, еден месец подоцна американските медиуми објавија дека тие ставиле крај на врската.

ФОТО | Тревис Келси првпат објави лични фотографии со Тејлор Свифт: „Имавме авантури во оваа пауза од сезоната“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот