Фото: Инстаграм/Тревис Келси

ФОТО | Тревис Келси првпат објави лични фотографии со Тејлор Свифт: „Имавме авантури во оваа пауза од сезоната“

НФЛ ѕвездата Тревис Келси објави неколку фотографии од својата летна пауза на Инстаграм, а меѓу нив, за првпат, се појавува и неговата девојка, светската поп-ѕвезда Тејлор Свифт. Иако парот е во врска од септември 2023 година и често се појавува заедно во јавност, досега Свифт никогаш не била дел од неговите објави на социјалните мрежи.

„Имавме авантури во оваа пауза од сезоната, и се беше одлично“, напиша Келси во описот.

Првата фотографија ги прикажува Келси и Свифт на брод, со рацете еден околу друг, носејќи капи со натписи „Капетан“ и „Прва помошничка“.

Фото: Инстаграм/Тревис Келси

На следната слика, парот е во елегантни црни комбинации во ресторан, а вниманието го привлекува и екранот од телефонот на Келси, на кој е поставена заедничка фотографија со Свифт како позадина.

Фото: Инстаграм/Тревис Келси

Во трета фотографија, Свифт и Келси се во друштво со блиски пријатели, меѓу кои се спортската новинарка Ерин Андрус и пејачката Есте Хаим. Се претпоставува дека снимките се направени за време на нивниот заеднички одмор во Монтана во март.

Фото: Инстаграм/Тревис Келси

На една снежна фотографија, Свифт со раширени раце позира со насмевка додека Келси весело ја крева ногата.

Фото: Инстаграм/Тревис Келси

Во уште една фотографија, парот се гледа на лизгалиште – Свифт го држи Келси за рака додека тој се потпира на хокеј стап.

Фото: Инстаграм/Тревис Келси

Иако Келси редовно зборува со љубов за Свифт во нивниот заеднички поткаст со брат му Џејсон Келси, ова е првпат таа да се појави на неговиот инстаграм-профил.

Од друга страна, Свифт го објави Келси за првпат на својот профил на 22 јуни 2024 година, со легендарна селфи фотографија направена зад сцената на нејзиниот прв концерт во Лондон на стадионот „Вембли“, заедно со принцот Вилијам, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

„Среќен роденден, другар! Лондонските настапи започнаа величествено“, напиша таа во описот, по повод 42. роденден на принцот од Велс.

Неколку дена подоцна, на 23 јуни, Келси дури и се појави на сцена на нејзин концерт, како дел од перформансот за песната „I Can Do It with a Broken Heart“, каде што ја носеше Свифт на раце. Таа подоцна го прослави моментот на Инстаграм, велејќи: „Сѐ уште се смеам/се топам поради дебито на Тревис Келси на турнејата. Никогаш нема да ги заборавам овие настапи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот