Поп истепа човек во црква во Грција / Фото: принтскрин / Фејсбук

ВИДЕО | Поп претепа човек пред црква во Грција, полицијата ги приведе и двајцата

Необичен инцидент се случил вчера утрото пред портата на црквата „Свети Пророк Илија“ во Неохори, во грчкиот регион Кардица, кога жестока расправија помеѓу селскиот свештеник и претседателот на месната заедница, прераснала во физичка пресметка со тупаници. Претседателот на месната заедница завршил во болница, а потоа следеле меѓусебни кривични пријави и апсења, објави Алитиа њуз.

Според порталот, во притвор е и друг жител на селото, откако свештеникот го пријавил за навреда.

Како дошло до конфликтот?

Според достапните информации, сè започнало кога претседателот на селото и неколку други селани дошле во храмот „Свети Пророк Илија“ во Неохори за да го подготват просторот за традиционалната прослава што се одржува секоја година по повод празникот Свети Илија, 20 јули.

Додека ги преместувале масите од црквата „Света Марина“, на местото на настанот пристигнало комбе со три лица кои биле задолжени да го украсат местото за свадба што требало да се одржи в недела попладне. Според истите извори, претседателот на селото не бил информиран дека свадбата ќе се одржи тој ден, па затоа бил повикан свештеникот.

Како што изјавил претседателот на месната заедница, свештеникот дошол во црквата и со повишен глас побарал сите да го напуштат просторот и да отстранат сè што поставиле на портата. Претседателот и другите жители одговориле дека тоа не е можно бидејќи веќе е вложен многу труд во подготовката за прославата.

После тоа, свештеникот ја повикал полицијата и кога пристигнала, тој побарал да го уапси претседателот на месната заедница за да може да поднесе кривична пријава против него.

На крајот, како што пренесуваат грчките медиуми, свештеникот, претседателот на масната заедница и уште еден жител биле приведени.

Венчавката се одржа со друг свештеник

За инцидентот била известена и Светата Митрополија, која се погрижила да испрати друг свештеник за да ја отслужи свадбената церемонија, додека друг свештеник бил испратен и на вечерна богослужба.

Србин починал од струен удар додека ја миел колата — кобни биле машината и влажната трева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот