Најчистото село во Индија секоја недела става „катинар на врата“
Секоја сабота до 1.000 туристи се собираат во Мавлинонг, село со 600 жители на крајниот североисток на Индија. Посетителите доаѓаат да шетаат по неговите цветни улички, да прават селфиња на беспрекорните улици и да видат дали заслужува титула што го направи познато низ цела Индија: најчистото село во Азија.
Препорачано
Но, од јануари 2026 година, црните метални порти изградени преку единствениот пат што води кон селото се заклучуваат и чуваат еднаш неделно. Жителите презедоа неочекуван чекор да им забранат на еднодневните излетници во недела, одбивајќи ги туристите и приходот што го носат.
Зошто село чија среќа е трансформирана од туризмот би избрало да се исклучи еден ден секоја недела?
Според жителите, забраната е обид да се врати она што тие го нарекуваат „вистински селски живот“.
Една од причините е тоа што селаните сакаат да одат во црква во недела. Но, втората е тоа што селаните конечно стигнале до точката каде што им е потребен одмор од приливот туристи. Шансата на кратко да се вратат во времето кога луѓето не шетаа низ Мавлинонг со „го-про“ камери врзани за главите и фрлајќи шишиња на земја ја добиваат со тоа што во недела селото е затворено за посетители.
Лоцирано неколку километри од границата со Бангладеш Мавлинонг стана популарна туристичка атракција откако списанието „Дискавер Индија“ го прогласи за најчисто село во Азија во 2003 година. Во земја позната по лоши санитетски услови, ова не е мала работа. Но, во Мавлинонг, децата се учат да средуваат уште од мали нозе, а многумина излегуваат на улиците секое утро пред училиште за да го исчистат градот од паднати лисја и да ги испразнат корпите за ѓубре. Селаните се грижат за отстранување на биоразградливите материјали и се гордеат со јавното уредување.


