Александар Вучиќ, претседател на Србија / Фото: MILAN ILIC/BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок, пренесува „Н1“.

Тој тоа го соопшти за време на обиколка на воената опрема на аеродромот „Миленко Павловиќ“ во Батајница, во близина на Белград.

„Пред тоа ќе се спроведат соодветните бирократски процедури, а во март започнуваме со служење на многу краткиот воен рок. Тоа дополнително ќе ги зајакне нашите одбранбени капацитети“, истакна Вучиќ.

Претходно, актуелната власт најави враќање на задолжителното служење на воениот рок во Србија во траење од 75 дена за мажи до 30 години.

Армијата на Србија, со одлука на претходните власти, официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, кога стапи на сила собраниската одлука за укинување на обврската за служење воен рок.

Редовното служење на воената обврска тогаш беше заменето со доброволно служење, а војската почна да се пополнува со професионални војници и офицери.

Хрватска воведува воен рок – алтернатива за оние кои ќе одбијат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот