Украинска војска ,(EUMAM UA). EPA-EFE/ROMAN RIOS

Украински командант пронајден мртов, се истражува убиство

Командантот на 154-та посебна механизирана бригада на Украина вчера бил пронајден мртов, а властите се сомневаат дека станува збор за убиство, објави „Киев индепендент“.

Оперативната команда Југ на Украина претходно во текот на денот извести за смртта на полковникот Володимир Коноников, наведувајќи дека околностите се под истрага.

„Полковникот Володимир Коноников беше офицер посветен на Украина и на војската, одговорен командант кој се грижеше за персоналот и за потребите на својата единица“, соопшти командата во својата изјава на Фејсбук, додавајќи дека командниот персонал и припадниците изразуваат сочувство до неговото семејство.

Истражителите отвориле кривична постапка според член 115 од Кривичниот законик на Украина, кој се однесува на намерно убиство.

„Полицијата ги утврдува околностите поврзани со смртта на воениот службеник. Командант на една од воените единици беше пронајден мртов со прострелна рана“, соопшти регионалната полиција во Запорожје.

Истрагата ја води полицијата под процесен надзор на Специјализираното обвинителство за одбрана на источниот регион.

Властите засега не објавија дополнителни детали.

Убиен украински командант, Киев вели дека жестоко ќе одговори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот