Кеирош: „За Гана сега започнува Светското првенство“
Селекторот на фудбалската репрезентација на Гана, Карлош Кеирош, по натпреварот со Хрватска изјави дека Светското првенство „вистински започнува“ дури сега за неговата селекција.
Препорачано
Гана загуби со 2-1 од Хрватска во последното, трето коло од групата Л, но и покрај поразот обезбеди пласман во осминафиналето како една од најдобрите третопласирани репрезентации.
„Им кажав на моите играчи дека вистинското Светско првенство започнува во следната фаза. Групната фаза е загревање, а сега секој натпревар е како финале“, изјави Кеирош.
Тој додаде дека во нокаут-фазата нема простор за грешки и дека секој меч носи максимален притисок, каде „победникот зема сè“.
Гана во шеснаесетфиналето ќе се соочи со Колумбија на 4 јули.
Кеирош се осврна и на проширениот формат на Мундијалот со 48 репрезентации, оценувајќи дека тоа може да ја намали тежината на квалификациите и вредноста на самото учество.
„Кога толку многу селекции се пласираат, се поставува прашањето за квалитетот и значењето на квалификациите. Светското првенство треба да биде посебно“, порача селекторот на Гана, кој ја презеде репрезентацијата во април годинава.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Договорено реми на Алжир и Австрија, Канада е првиот осминафиналист
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
7мин
-
45мин
-
55мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


