Калин Ивановски ги предводи македонските тенисери на турнирот во Скопје
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски ја предводи „петорката“ македонски тенисери на М25 Скопје турнирот „Мacedonian Open“. Ивановски учество на турнирот избори благодарение на својот пласман.
Препорачано
Последниот викенд го заврши како финалист на турнирот во Загреб, Хрватска, што треба да биде убава најава со надеж да ги продолжи добрите игри, како на мечевите од Дејвис купот во Молдавија, а потсетување, Ивановски во 2023 година го освои турнирот М25 Скопје.
Останатите македонски тенисери учеството во главниот турнир го имаат со „вајлд карта“, а тоа се: Амар Хусеиновиќ, Стефан Мицов, Кристијан Јанев и Обрад Марковски (кој во саботата беше финалист во двојки на турнир во Куршумлијска Бања). Како учесник може да биде уште некој од македонските тенисери, кои се дел од квалификациите.
Квалификации, второ коло
Горјан Вукиќевиќ – Тадија Радовановиќ (Србија, 6 носител)
Максимилијан Алексовски – Жозеф Хернандез (Аргентина,8)
Горазд Србљак – Лоренцо Лети Месина (Италија)
Алексеј Стојановски – Максимилијан Борисов (Бугарија, 5)
Александар Трифуновски – Јаник Кастелново (Швајцарија,7)
Ерион Незири – Ерик Владимиров (Бугарија)
Со победа Марко Алексовски во попладневните часови ќе треба да игра и втор меч против вториот носител Валентино Конте од Италија.
За очекување е македонските тенисери да се појават и во конкуренција на двојки, како заедно така и со некои други играчи. Денеска попладне (понеделник) ќе бидат познати и костурите за главниот турнир во поединечна конкуренција, како и во конкуренција на двојки.
Турнирот се игра за награден фонд од 30.000 американски долари.


