Фото: Принтскрин

Америка е зависна од НАТО и покрај критиките на Трамп, вели Столтенберг

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави декa САД и натаму остануваат зависни од своите сојузници во Европа, пренесува „Шпигел“.

И покрај континуираните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, одбраната на САД започнува на границата меѓу Европа и Русија, истакна Столтенберг.

Столтенберг, кој сега е министер за финансии на Норвешка, посочи дека еден од најголемите нуклеарни арсенали во светот се наоѓа директно преку норвешката граница, на рускиот полуостров Кола.

„Овие оружја не се насочени кон Осло – туку кон Вашингтон и кон Њујорк. Но Норвешка помага во следењето на руските подморници кога тие ги напуштаат своите бази“, рече тој.

Тој додаде дека Норвешка помага и преку рано предупредување за лансирања на ракети и авиони.

„И ситуацијата е слична и во Финска и во многу други европски земји. Ова е клучно за безбедноста на САД“, изјави тој.

Столтенберг призна дека постојат разлики во ставовите меѓу САД и Европа во однос на трговијата, на климата и на безбедносните прашања.

Најважно за зачувување на НАТО, според него, е Европа да инвестира повеќе во одбраната. Столтенберг додаде дека Германија „е на добар пат да стане најголем европски инвеститор во одбраната“.

Рубио ќе ги смирува тензиите во Европа, додека тврди дека „Трамп со право е разочаран од НАТО“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот