Воздушен поглед на градот Фамагуста / Фото: Kirill Makarov / Panthermedia / Profimedia

Трагедија во Кипар: Две деца пронајдени мртви во автомобил, таткото и маќеата ги оставиле да спијат

Две деца, на возраст од осум и десет години, починале во британската база Декелија која се наоѓа во Фамагуста во Кипар, откако биле оставени во автомобил да спијат, пренесува Сајпрус мејл.

Според извештаите на локалните служби, децата биле од исто семејство.

Полицијата од британските бази пристигнала на местото на настанот, а била повикана и брза помош. Кога пристигнале, тие потврдиле дека децата починале.

Таткото и маќеата на децата подоцна биле уапсени под сомнение за небрежност.

Се наведува дека децата биле оставени во автомобилот да спијат додека нивните родители, за кои се вели дека се од Бугарија, биле на друго место.

Се претпоставува дека тие се задушиле, иако точната причина за смртта ќе биде утврдена со обдукција.

Портпарол на британските бази потврдил дека две деца починале и дека службеници во моментов се наоѓаат во куќа во Ксилофагу во регионот Фамагуста, каде што ја истражуваат причината за смртта.

ФОТО+ВИДЕО | Вароша – еден од најголемите забранети градови во Европа кој повторно е отворен по повеќе од 50 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот