Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тепачи од Пласница нападнале полицајци откако им уапсиле соселанец

Инцидент се случил вчера во кичевското село Пласница, каде 65-годишен жител на селото бил уапсен откако агресивно се однесувал со полицајци. Но, тогаш двајца други жители на селото ги нападнале полицајците, соопшти МВР.

„На 06.07.2026 во с. Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Р.Б. (65) од с.Пласница, затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициските службеници. Откако Р.Б. бил лишен од слобода, Е.Д. и А.Д., дваіцата од с. Пласница, физички ги нападнале полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во полицискиот билтен.

Девојка за која се претпоставува дека е од Македонија е пронајдена мртва во Солун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот