Циркусот на Мундијалот 2026 продолжува: британските лабуристи се угледаа на Трамп и бараат да се одложи суспензијата на Џарел Куанса
Пандорината кутија е отворена откако ФИФА му дозволи на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун да игра против Белгија иако требаше да биде суспендиран
Британската Лабуристичка партија, преку писмо од пратеникот Ноа Ло, формално побара од ФИФА да ја одложи суспензијата од еден натпревар што му беше изречена на англискиот репрезентативец Џарел Куанса за по Светското првенство.
Препорачано
Англискиот дефанзивец доби црвен картон на натпреварот против Мексико. Ло тврди дека санкцијата треба да се одложи за да се обезбеди еднаков третман на репрезентациите што се натпреваруваат, особено откако ФИФА ја одложи суспензијата на Американецот Фоларин Балогун за овој да може да игра на дуелот со Белгија. Тоа ФИФА го стори по интервенцијата на америкаснкиот претседател Доналд Трамп.
Ло нагласи дека интегритетот на Мундијалот зависи од тоа дали правилата се применуваат подеднакво за сите учеснички. Тој тврди дека би било неоправдано еден играч да има корист од одложена суспензија, додека друг, во идентични околности, не добива ист третман.
Англија в сабота игра четвртфинале со Норвешка. Ноа верува дека е императив ФИФА да го третира ова прашање со најголема сериозност за Куанса да може да игра, исто како Балогун.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
Колина застана во одбрана на судијата за кого Трамп изјави дека е сомнителен


