Пјерлуиџи Колина/EPA/MAURIZIO DEGL' INNOCENTI

Колина застана во одбрана на судијата за кого Трамп изјави дека е сомнителен

Поранешниот најдобар судија во светот, а денес претседател на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, застана во одбрана на бразилскиот арбитар Рафаел Клаус по критиките што на негова адреса ги упати американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп претходно ја оспори одлуката на бразилскиот судија, сметајќи дека била само обичен судир меѓу двајца фудбалери. По тој прекршок против БиХ беше исклучен напаѓачот Фоларин Балогун, меѓутоа ФИФА донесе контроверзна одлука да му ја поништи суспензијата, па можеше да игра против Белгија.

„Тоа не беше прекршок. Тоа беа двајца играчи кои трчаа со полна брзина и едноставно се судрија. Не можете намерно да му застанете на некого на стапалото. Тоа беа двајца врвни спортисти кои се заплеткаа“, изјави Трамп.

Американскиот претседател потоа го доведе во прашање и кредибилитетот на судијата.

„Тој е малку сомнителен. Ако ја погледнете неговата историја… Не сакам да создадам контроверзии, но е многу сомнителен“, порача Трамп.

На овие изјави реагираше Колина, кој истакна дека ФИФА има голема доверба во бразилскиот судија.

„ФИФА го смета Рафаел Клаус за еден од најдобрите професионални судии во светот и ценет член на елитната група арбитри на Светското првенство. Во текот на кариерата постојано ги покажува највисоките стандарди на професионалност и интегритет“, изјави Колина.

Првиот човек на Судиската комисија на ФИФА додаде дека Клаус ужива голем углед во светската фудбалска организација.

„Рафаел Клаус го суди своето второ Светско првенство, откако беше дел и од турнирот во Катар во 2022 година. Станува збор за искусен и исклучително почитуван судија, а ние имаме целосна доверба во него како официјално лице на натпреварите“, истакна Колина.

ФОТО | Ги дочекаа своите пет минути — Белгијците ја исмеаја ФИФА по победата над САД

ВИДЕО | Хит сцена: Лукаку по голот за Белгија го имитираше танцот на Трамп

Блатер удри по ФИФА за случајот Балогун: „Фудбалот не смее да стане игралиште за политичка моќ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот