Инфлацијата се намали за 0,5 отсто во јуни, трошоците на живот пониски од мај
Трошоците на животот во јуни годинава бележат намалување од 0,5 отсто во однос на мај, додека цените на мало се намалени за 0,8 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Препорачано
На годишно ниво, односно споредено со јуни 2025 година, трошоците на животот се зголемени за 3,4 отсто, а цените на мало за 3,6 отсто. Најголемо месечно намалување на трошоците на животот е забележано кај транспортот, каде цените се пониски за 1,6 отсто, како и кај групата храна и безалкохолни пијалаци со пад од 1,1 отсто.
Од друга страна, дел од производите и услугите забележале раст. Кај рекреацијата, спортот и културата е регистрирано зголемување од 1,4 отсто, додека кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги растот изнесува 0,5 отсто. Помало зголемување има и кај трошоците за покуќнина, опрема и одржување на домаќинствата, како и кај рестораните и услугите за сместување – по 0,3 отсто. Кај здравствената заштита и информациите и комуникациите е забележан раст од 0,2 отсто, а кај облеката и обувките од 0,1 отсто.
Без промена останале цените во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, услугите за образование, како и осигурувањето и финансиските услуги.
Растат приходите во буџетот, за шест месеци се собрани речиси 170 милијарди денари


