Visa ја претстави платформата за зајакнување на заштитата од сајбер закани и измами – Visa Threat Intelligence

Новата платформа ги обединува сознанијата од областа на сајбер безбедноста и платниот промет за да им помогне на финансиските институции навремено да ги препознаат заканите и да го намалат ризикот од измами.

Visa ја претстави Visa Threat Intelligence Platform (VTIP), ново решение наменето за финансиските институции кое им овозможува порано да ги препознаат сајбер заканите и поефикасно да реагираат за да спречат измами и финансиски загуби. Платформата се темели на истите сајбер-безбедносни капацитети што Visa ги користи за заштита на својата глобална мрежа.

Измамите често се последица на претходни сајбер инциденти и неретко започнуваат со компромитирање на податоци, кражба на акредитиви или злоупотреба на системи, многу пред да дојде до самата трансакција. Нападите што доведуваат до компромитирање на платежни податоци можат да потекнуваат од кој било дел од платежниот екосистем – од трговците и издавачите на картички до прифаќачите, процесорите и давателите на услуги. Во одредени случаи, ваквите компромитирани податоци подоцна се продаваат и злоупотребуваат, што може да предизвика финансиски загуби и нарушувања во работењето.

„Сајбер нападите се сè почести, пософистицирани и потешко се откриваат навреме, а нивните последици најчесто стануваат видливи дури подоцна – кога ќе дојде до самата измама. Платформата Visa Threat Intelligence им помага на финансиските институции многу порано да ги препознаат ваквите закани, обединувајќи ги на едно место сознанијата од областа на сајбер безбедноста и платниот промет. На тој начин тие добиваат појасни и поконкретни информации што им овозможуваат да реагираат пред ризикот да се претвори во реална загуба“, изјави Walter Lironi, виш потпретседател и раководител на секторот за услуги со додадена вредност за регионот на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка (CEMEA) во Visa.

Решение засновано на глобалните капацитети на Visa за сајбер одбрана

Visa секој месец блокира околу 90 милиони сајбер напади и 11 милиони фишинг-пораки во повеќе од 200 земји, потпирајќи се на пристап заснован на максимална заштита и континуирано функционирање на системите. VTIP е развиена во рамките на тимот на Visa за сајбер одбрана и тестирана во реални услови во рамките на глобалната платежна мрежа на Visa. Со тоа, на клиентите им стана достапен истиот тип разузнавачки сознанија што се користат за заштита на една од најголемите платежни мрежи во светот.

Како прв корисник на сопственото решение, Visa ја тестираше VTIP во реални услови пред да ја направи достапна на пазарот, со цел да им помогне и на другите учесници во екосистемот поефикасно да се подготват за новите облици на напади.

Развиена специјално за потребите на финансискиот сектор

VTIP е создадена специјално за финансиските институции, со цел да им помогне на тимовите за сајбер безбедност, управување со ризици и спречување измами полесно да ги поврзат податоците од различни извори и да се фокусираат на сознанија што се директно поврзани со ризиците во платниот промет. Платформата ги обединува сајбер и финансиските сознанија за организациите полесно да ги поврзат безбедносните инциденти со потенцијалните последици во форма на измами.

Можностите на платформата VTIP опфаќаат:

• Сознанија за закани – индикатори за компромитирање поврзани со малициозен софтвер (malware), прилагодени на потребите на финансискиот сектор.
• Сознанија за ранливости – увид во ранливостите и можните начини за нивна злоупотреба релевантни за конкретната организација.
• Следење на злоупотреба на брендот – поддршка за откривање и ублажување на лажно претставување и злоупотреба на брендот.
• Заштита на дигиталниот идентитет – следење и заштита на раководителите и вработените од таргетирани напади.
• Финансиски сознанија – идентификување компромитирани платежни податоци на dark web и нивно поврзување со сознанијата од мрежата VisaNet, со што суровите податоци се претвораат во корисни информации за тимовите задолжени за спречување измами и управување со ризици.

Со обединување на сознанијата од областа на сајбер безбедноста и измамите, VTIP им помага на финансиските институции порано да ги забележат ризиците, поефикасно да ги одредат приоритетите при реагирањето и да ја намалат веројатноста сајбер инцидентите да прераснат во финансиски загуби предизвикани од измами.

Зајакнување на довербата во платежниот екосистем

Visa веќе со години има значајна улога во заштитата на дигиталните плаќања, а во последните пет години инвестираше повеќе од 13 милијарди американски долари во технологија, вклучувајќи инвестиции насочени кон намалување на измамите и унапредување на безбедноста на мрежата. Gartner Consulting ѝ ја додели на Visa највисоката оцена (4,9) меѓу споредливите компании за вкупното ниво на развиеност на нејзината програма за сајбер безбедност.

Во време кога сајбер ризиците стануваат сè покомплексни, финансиските институции имаат сè поголема потреба од разузнавачки сознанија за заканите, прилагодени на специфичностите на платежниот сектор. Овозможувајќи им на клиентите пристап до сопствените, веќе докажано ефикасни сајбер-безбедносни капацитети преку VTIP, Visa продолжува да им помага на финансиските институции порано да одговорат на заканите, да го намалат ризикот од измами и дополнително да ја зајакнат довербата во платежниот екосистем.

За Visa

Visa е глобален лидер во областа на дигиталните плаќања, кој овозможува трансакции меѓу потрошувачи, трговци, финансиски институции и државни институции во повеќе од 200 земји и територии ширум светот. Нашата мисија е да го поврземе светот преку најиновативната, наједноставната, најсигурната и најбезбедната платежна мрежа, која им овозможува на поединците, компаниите и економиите да напредуваат. Веруваме дека економиите кои се инклузивни за сите, насекаде, придонесуваат за заеднички просперитет и создаваат еднакви можности за пристап и вклучување како темел на иднината на движењето на парите.

Повеќе информации се достапни на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот