Рускиот гас запира на преминот на годината - Фотографија ЕПА, Роман Пилипи

До 30.000 денари од државата – продолжен рокот за субвенции за приклучок и котел на гас

Домаќинствата ќе имаат дополнително време да аплицираат за државна финансиска поддршка за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас, откако Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за поднесување барања до 31 октомври 2026 година. Измените на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата се објавени во „Службен весник“.

Со мерката, државата ќе покрие до 70 проценти од направените трошоци, но најмногу 30.000 денари по домаќинство за изведба на куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за набавка на котел на гас. За програмата се обезбедени три милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до нивно исцрпување.

Право на аплицирање имаат домаќинствата кои во текот на 2026 година реализирале приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и оние што набавиле котел на гас за објект кој бил приклучен на гасоводната мрежа заклучно со 1 јануари 2026 година. Секое домаќинство може да поднесе само едно барање.

По завршувањето на рокот, комисија на Министерството ќе ги разгледа пристигнатите апликации, а средствата ќе им бидат исплатени на апликантите кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Министерството наведува дека со продолжувањето на рокот сака да им овозможи на што поголем број граѓани да ја искористат државната поддршка, да ги намалат трошоците за греење и да преминат на поекономичен и поеколошки енергенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот