На турското земјоделство никогаш не му одело подобро
Министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Ибрахим Умакли, објави „историски рекорд во земјоделството“ и „Турција на врвот на светската лига“, наведувајќи дека во последниот Извештај за земјоделско производство на Светската банка за 2025 година, турскиот земјоделски аутпут за првпат во историјата ја надминал границата од 80 милијарди долари, достигнувајќи 83,2 милијарди, пренесе весникот „Хуриет“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според податоците за земјоделското производство на светските држави, Турција, која била рангирана на 12-то место во светот во 2002 година со 24,5 милијарди долари, се искачила на осмото место во 2023 година, со 72,9 милијарди долари.
„Од дното на моето срце им се заблагодарувам на сите наши производители, земјоделци, извозници и индустријалци, кои ѝ даваат живот на почвата и ни прават да ја чувствуваме оваа гордост. Дарежливоста на Анадолија ќе продолжи да биде силата на Турција“, изјави министерот.
https://www.slobodenpecat.mk/en/turcija-aplicira-za-prikluchuvanje-kon-sepa/


