ЕУ и ЕБОР вложуваат речиси 200 милиони евра во изградба на автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за грант и заем за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Проектот вреди 198,4 милиони евра, од кои 30,8 милиони се грант од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, а 167,6 милиони евра се кредит.

Автопатот ќе биде долг околу 12 километри (вклучувајќи претходно изграден дел), со сложена траса низ ридско-планински терен на Скопска Црна Гора. Предвидени се пет тунели со две цевки, девет мостови, повеќе потпатници, галерии и потпорни ѕидови. Изградбата треба да почне во август, а рокот за завршување е околу четири години.

Проектот беше претставен како клучен за регионално поврзување со Косово и економски развој. Владата најави дека паралелно ќе се реализираат и други автопатски делници низ државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот