„Тему“ влезе меѓу петте најдобри сајтови за онлајн купување во Швајцарија
Кинеската платформа „Тему“, која беше лансирана во Швајцарија во април 2023 година, денес е меѓу петте најдобри онлајн трговци на мало во Швајцарија, според годишното рангирање објавено од консултантската фирма „Карпатија“. Според проценките за 2025 година, приходите на оваа платформа за е-трговија во Швајцарија достигнаа една милијарда швајцарски франци (околу 1,09 милијарди евра), што е метеорски раст за период од три години, објавува „Swissinfo“.
Препорачано
-Со влегувањето на „Тему“ на ранг-листата, ова е прв пат четири играчи да го надминат прометот од една милијарда швајцарски франци – изјави консултантот и косопственик на „Карпатија“, Дејвид Морант.
Морант истакна дека голем дел од растот е поттикнат од две компании, „Галаксус“ и „Тему“, кои заедно генерирале дополнителни 950 милиони швајцарски франци приходи од е-трговија во Швајцарија. За разлика од „Амазон“, кој стагнира веќе неколку години, според „Swissinfo“, кинеската платформа успеа да ги освои швајцарските клиенти прилагодувајќи се на нивните очекувања.
Од утре ЕУ воведува данок од три евра за пакети од „Тему“, „Алиекспрес“ и „Шејн“


