ВИДЕО | Киев во пламен, горат згради, има загинати — Русија изврши нов масовен напад врз Украина
Русија изврши уште еден масовен напад врз Киев во кој се убиени девет лица, а 46 се повредени, објави „Ројтерс“. Москва известува дека ги нападнале одбранбената индустрија и енергетските компании во Киев. На бројни видеа што доаѓаат од Киев, може да се видат згради како горат во пламен.
Препорачано
Во текот на ноќта, руските вооружени сили започнаа масовен напад како одговор на украинските напади, насочени кон одбранбената индустрија и енергетските компании во Киев и околниот регион, како и инфраструктурата на воените аеродроми во регионите Днепропетровск, Полтава, Черкаси, Чернихив и Киев, објави утрово руското Министерство за одбрана.
‼️In this video, a woman is asking someone on the phone, “Are you guys alright?” It’s something Ukrainians do on nights like this, no matter how far apart they are.
While she’s still on the phone, she witnesses a direct russian strike in her own neighborhood.
The russians… pic.twitter.com/PqBo8KD07K
— Kateryna Lisunova (@KaterynaLis) July 6, 2026
Во соопштението се наведува дека руските вооружени сили започнале масовен напад користејќи прецизно оружје со долг дострел од копно, воздух и море, како и беспилотни летала, објави Тасс.
Во соопштението се тврди дека во тие напади биле оштетени воено-индустриските комплекси, објектите на горивната и енергетската индустрија во Киевскиот регион и Киев, како и инфраструктурата на воените аеродроми во регионите Днепропетровск, Полтава, Черкаси, Чернихив и Киев.
Деветмина загинаа во нападот врз Киев
Бројот на загинати во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта се зголеми на девет, а бројот на повредени на 46, објави началникот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко.
Во текот на ноќта, руските сили извршија уште еден масовен напад врз Киев, што предизвика пожари, објави Укринформ.
Висококатници во пламен
На бројни видеа што доаѓаат од Киев, може да се видат висококатници како горат во пламен. Началникот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко, изјави дека во градскиот округ Подилски, делумно е уништена станбена зграда помеѓу петтиот и деветтиот кат.
На истата локација, погодени се и други високи згради, а цел биле и три станбени згради во округот Дарнички. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, додаде дека во округот Подилски се уништени и една нестанбена зграда и неколку гаражи и магацин, додека штети на нестанбени згради се регистрирани и во областите Холосиевски и Дарнички. Гувернерот Калашник изјави дека во пошироката близина на главниот град, во заедниците Буча, Вишгород и Бровари, оштетени се куќи, деловни простории и други објекти од цивилна инфраструктура.
Зеленски: „Нападот следеше по Денот на независноста на Америка“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека податоците од украинското разузнавање укажуваат дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина.
Во вечерното видео обраќање, Зеленски рече дека е во духот на рускиот претседател Владимир Путин да изврши таков напад „веднаш по Денот на независноста на Америка и пред самитот на НАТО во Анкара“.
На украинскиот фронт се регистрирани 201 судир, а во насоките Покровск и Славјанск се одбиени речиси 45 напади од руските сили. Бројот на повредени во рускиот напад со две бомби ФАБ-500 врз Запорожје се искачи на 14, додека едно лице загина.
Зеленски предупредува, земјата е загрозена од нов удар
Претседателот Володимир Зеленски предупредува дека, според разузнавачките податоци, Русија подготвува нов масовен напад. Тој ги повикува Украинците да се заштитат и да обрнат внимание на предупредувачките сигнали за воздушен напад.
Руското Министерство за одбрана објави дека Украина го отфрлила предлогот на Москва за спроведување хуманитарна операција за преземање на телата на загинатите припадници на украинските вооружени сили во Константиновка.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија планира да воспостави безбедносна или тампон зона по должината на границата со Украина, наведувајќи дека овој потег е условен, како што рече, од „агресивната природа на режимот во Киев“.
Трамп и Путин час и половина разговарале на телефон, најмногу за ситуацијата во Украина
Тој истакна дека „ослободувањето“ на Константиновка е „многу важна линија“ и важен чекор кон преземање контрола врз, како што рече, утврдената област Краматорск и Славјанск.
Трамп по средбата со Зеленски: Русија мора да постигне мировен договор
По честитките за Денот на независноста, рускиот и украинскиот лидер разговараа одделно со американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп и Путин час и половина разговарале на телефон, најмногу за ситуацијата во Украина


