Фото: EPA/EFE/ Ronald Pena R

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското Министерство за информирање. Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на 17.345.

Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси.

Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на Американскиот геолошки институт.

Претходно во неделата, во говорот по повод 215-годишнината од Денот на независноста на Венецуела, привремената претседателка Делси Родригез ги бранеше мерките што владата ги презеде по двата земјотреси. Родригез изјави дека веднаш ги активирала безбедносните служби и најави основање нова воена единица што ќе помага во вонредни состојби и катастрофи.

 

Две момчиња спасени од урнатините на земјотресот во Венецуела, каде беа заробени со денови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот