Абдел Фатах ел-Сиси / Фото: Jacquelyn Martin / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Поголем од Пентагон: Египет го отвори најголемиот воен комплекс во светот

Египет денесска го отвори новиот штаб на своите вооружени сили, кој се смета за најголем во светот. На отворањето присуствуваше претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, во ретко јавно појавување во воена униформа. Комплексот, наречен Октагон, се состои од осум згради, од кои секоја има план на подот во форма на осумаголник, и се протега на околу 90 квадратни километри, што одговара на површината на португалската метропола Лисабон, објавија светските медиуми.

По големина, далеку го надмина Пентагон, седиштето на Министерството за одбрана на САД, кое досега ја носеше титулата најголема зграда од ваков вид во светот. Ал-Сиси се појави на отворањето во воена униформа за првпат по повеќе од десет години и го опиша комплексот како „доказ за волјата на нацијата која знае дека ништо не е невозможно“.

На патот кон церемонијата, египетскиот лидер беше придружуван од борбени хеликоптери. Комплексот се наоѓа источно од Каиро, во новиот административен главен град сместен во пустината. Се проценува дека изградбата чинела околу 50 милијарди евра, што го прави овој еден од најскапите проекти откако Ал-Сиси ја презеде власта.

Египет моментно е во една од најлошите економски кризи во последните неколку децении, а надворешниот долг на земјата изнесува 143 милијарди евра. Многу Египќани го обвинуваат Ал-Сиси и неговите мегапроекти за ситуацијата.

Ал-Сиси ја презеде власта во северноафриканската земја во 2013 година со воен удар. Со години, Египет ги чувствуваше последиците од војните во соседните Газа и Судан, како и од тековниот конфликт во Либија, но безбедносната ситуација во земјата е релативно стабилна по немирите што следеа по револуцијата во 2011 година.

ФОТО | Ново археолошко откритие во Египет: Откриени три нови гробници на истакнати државници во Луксор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот