Бугарин со возило удрил во Македонец во Холандија

Триесет и едногодишен државјанин на Македонија е повреден откако синоќа бил удрен од автомобил на патот Масвлакте во Ротердам, пишува  холандскиот портал „Хедлајнер“.

Повредениот по несреќата бил свесен и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болница. Како мерка на претпазливост, на местото на настанот бил повикан и хеликоптер за итна медицинска интервенција.

Холандската полиција го привела 41-годишниот возач, државјанин на Бугарија, кој исто така се здобил со повреди. Неговото возило е одземено за потребите на истрагата.

Истражните органи утврдуваат како дошло до инцидентот и дали претходно меѓу двајцата имало расправија.

Засега не е познато под кои околности дошло до нивниот контакт, ниту што довело до ескалација на настанот.

 

Гостиварец со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја натепал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот