Песков: Русија планира да воспостави тампон зона со Украина
Русија планира да воспостави безбедносна или тампон зона долж границата со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека овој потег е условен, како што рече, од „агресивната природа на киевскиот режим“.
Препорачано
Почнувајќи од агресивната природа на киевскиот режим, за да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани, ќе мора да воспоставиме безбедносна или тампон зона. Таа се формира според планот. Нашите сили веќе постигнаа значителен напредок и никој не треба да се сомнева дека оваа зона ќе биде воспоставена до степен потребен за да се обезбеди нашата безбедност“, изјави Песков за телевизијата „Вести“.
Тој додаде дека руските сили продолжуваат да напредуваат и дека резултатите од тој процес, како што изјави, се видливи на терен.
Песков го наведе „ослободувањето на Констјантинивка“ како еден од примерите, оценувајќи дека тоа е „многу значајна линија“ и важен чекор кон преземање контрола врз, како што рече, утврдената област Краматорск и Славјанск.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
20мин
-
42мин
-
54мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


