Ормуски теснец, фото: EPA-EFE/MEHDI DEHDAR

Обновен поморскиот сообраќај помеѓу Иран и Катар

Поморскиот сообраќај меѓу Иран и Катар е обновен по околу петмесечна пауза, изјави  за државните медиуми претставникот за трговија на Иран во Доха, Абас Абдолхани.

Привремениот договор меѓу Техеран и Вашингтон, потпишан минатиот месец, прогласи крај на непријателствата по четиримесечниот конфликт и наложи враќање на предвоениот поморски сообраќај во Заливот, иако транзитот до и од Заливот останува спорен.

Абдолхани рече дека бродскиот сообраќај меѓу иранското пристаниште Даер и катарското пристаниште Ал Рувејс е обновен по координацијата меѓу иранската амбасада во Доха и катарските власти. Двете пристаништа лоцирани едно спроти друго главно покриваат регионална трговија. Пристаништето Даер беше погодено неколку пати за време на војната.

Шестдневна погребна церемонија: милиони Иранци се збогуваат со убиениот ајатолах Хамнеи

Кон крајот на јуни, функционер на Организацијата за промоција на трговијата на Иран им изјави на државните медиуми дека иранските стоки повторно се царинат во пристаништето Џебел Али на Обединетите Арапски Емирати, најголемото во регионот, што укажува на постепено враќање на трговските текови по конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот