„Се почувствува силна експлозија“: авион бил погоден од огномет при слетување во Чикаго

Авион на „Делта ерлајнс“ со 52 патници и шест члена на екипажот беше погоден од огномет во саботата навечер додека се подготвуваше за слетување на аеродромот во Чикаго, објавија светските медиуми.

„Лет од Атланта до меѓународниот аеродром Мидвеј стапи во контакт со огномет за време на слетувањето“, потврди портпарол на авиокомпанијата за Би-би-си.

Авионот сепка слетал безбедно и стигнал до портата. Во овој инцидент нема повредени, а инцидентот веднаш бил пријавен на воздухопловните власти.

Инцидентот се случил во време кога милиони граѓани низ САД ја прославувале 250-годишнината од независноста на земјата со традиционален огномет. „Ербасот А319“ бил проверен веднаш по слетувањето и било утврдено дека нема никакви оштетувања.

Според аудио-снимка од инцидентот, пилотот ја информирал контролата на летање дека авионот бил погоден на надморска височина од околу 60 метри. Тој изјавил дека екипажот почувствувал силна експлозија и изразил надеж дека станува збор само за пиротехничка ракета што експлодирала под авионот.

Пред ударот, контролорите на летање издале предупредување до екипажот да биде внимателен бидејќи од голем број куќи лоцирани во близина на зоната за пристап биле испукувани огномети. Федералната администрација за воздухопловство потврдила дека инцидентот се случил околу 20:30 часот по локално време.

Иако државните и локалните самоуправи ги организираат најголемите официјални прослави, приватните и честопати неконтролирани огномети се многу честа појава за време на овој празник.

Поради прославата на јубилејот и големите настани, во главниот град Вашингтон, летовите беа целосно суспендирани на националенот аеродром „Роналд Реган“ од сабота напладне, за да се дозволат воени прелетувања и централни огномети.

Во пресрет на Денот на независноста на Америка, Трамп зборуваше за „комунистите“ — се закани дека ќе ги избрка „новодојденците“ од САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот