фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Повик за убиство на Трамп на погребот на Хамнеи : „Зошто е сè уште жив?“

На погребот на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, денеска говорник повика на смрт на американскиот претседател Доналд Трамп. Повикот за атентат доаѓа во време кога продолжуваат преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за завршување на војната, пишува „Еуроњуз“.

Обраќајќи се пред толпата пред молитвата над телото на Хамнеи, Мохамед Расули праша:

„Зошто не го убиеме оној што го уби мојот имам и мојот лидер? Срам да ни е ако не го убиеме вашиот убиец“.

Расули, исто така, ги повика присутните да извикуваат „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“ и рече дека „убиството на Трамп е наша должност“.

Неговото прашање „Зошто најгнасниот човек на светот е сè уште жив?“ беше придружено со аплауз од насобраната толпа.

На маргините од церемонијата која ќе трае шест дена, беа видливи постери и слогани што ја поддржуваат идејата за убиство на Трамп и на  израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Црвено знаме со натпис „Ја Литарат ал-Хусеин“ („О, одмаздникот на Хусеин“) е подигнато над куполата на Мосала во Техеран, што е симбол на повикот за одмазда за убиството на Хусеин ибн Али, третиот шиитски имам. Многу учесници носеа и црвени знамиња како симбол на одмазда. Според извештаите, толпата на погребната церемонија денеска била значително поголема од вчера.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој потврди дека го следи погребот, ги коментираше настаните. Зборувајќи од планината Рашмор пред 250-годишнината од Америка, тој рече дека САД „го смачкале Иран“ и дека Техеран „умира за да се смири“.

„Тие толку многу сакаат да се смират. Му дадовме една недела одмор за погребот затоа што сме добри“, рече Трамп.

Во интервју за Аксиос, Трамп беше уште подиректен:

„Сите се таму. Еден обид и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го сториме тоа бидејќи тогаш нема да имаме со кого да преговараме“.

Шестдневна погребна церемонија: милиони Иранци се збогуваат со убиениот ајатолах Хамнеи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот