Неверојатно: Бразил повеќе од две децении не победил европска репрезентација во нокаут фаза на Мундијал
Бразил вечерва од 22 часот ќе се соочи со Норвешка во осминафиналето на Светското првенство, а иако избраниците на Карло Анчелоти влегуваат како фаворити, пред нив е сериозен предизвик против селекција која може да изненади секого.
Препорачано
Освен квалитетниот противник, Бразилците ќе се обидат да прекинат и една непријатна традиција што трае повеќе од две децении. Последната европска репрезентација што „кариоките“ ја совладале во нокаут-фазата на едно Светско првенство е Германија, и тоа во финалето на Мундијалот во 2002 година во Токио.
По тој триумф, Бразил редовно ги завршува настапите на светските шампионати токму против европски селекции. Во 2006 година беше елиминиран од Франција со 1:0 во четвртфиналето, четири години подоцна во Јужна Африка загуби од Холандија со 2:1, а на домашниот Мундијал во 2014 година го доживеа еден од најтешките порази во својата историја, кога Германија славеше со убедливи 7:1 во полуфиналето.
Низата продолжи и во Русија во 2018 година, каде што Белгија беше подобра со 2:1 во четвртфиналето, а на Светското првенство во Катар, Бразил беше елиминиран од Хрватска по изведувањето пенали, повторно меѓу осумте најдобри.
Останува да се види дали вечерва против Норвешка Бразил ќе успее конечно да ја прекине оваа негативна серија и да направи чекор поблиску до светската титула.
🇧🇷 Brazil in WC knockout stages after winning the 2002 FIFA World Cup:
▪️ vs non-European teams (7/7 ✅):
✅ 2006 R16 🇬🇭 Ghana
✅ 2010 R16 🇨🇱 Chile
✅ 2014 R16 🇨🇱 Chile
✅ 2014 QF 🇨🇴 Colombia
✅ 2018 R16 🇲🇽 Mexico
✅ 2022 R16 🇰🇷 South Korea
✅ 2026 R32 🇯🇵 Japan▪️ vs European…
— Football Meets Data (@fmeetsdata) July 5, 2026


