Леклер најбрз во хаосот на Силверстоун, Расел и Хамилтон зад него
Шарл Леклер, возачот на Ферари, триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија што се возеше на легендарната патека Силверстоун.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Леклер ја прекина двегодишната победничка пауза и му ја донесе на Ферари првата победа на Силверстоун по долго време, запишувајќи голем успех за италијанскиот тим.
Второто место му припадна на Џорџ Расел, кој и покрај недоволно конкурентното темпо на Мерцедес успеа да се искачи на подиумот, додека трет заврши Луис Хамилтон. Следуваа Ландо Норис, Исак Хаџар, Лијам Лосон, Арвин Линдблад, Габриел Бортолето, Кими Антонели и Франко Колапинто.
Сепак, конечниот поредок претрпе промена откако Кими Антонели доби казна од пет секунди поради напуштање на патеката и пречекорување на нејзините граници. Така, Пјер Гасли се искачи на десеттото место и освои еден бод, додека Антонели остана без бодовно салдо.
Младиот Италијанец имаше сериозни технички проблеми со предното лево тркало, при што беше оштетено потпирањето. Иако ваков дефект вообичаено значи повлекување од трката, Антонели реши да продолжи и храбро да стигне до целта, но казната на крајот го остави без освоени бодови.


