Тухел ја прозва ФИФА по случајот со Балогун: „Можеби Хари Кејн треба да му се јави на Трамп за црвениот картон на Кванса“
Со поништувањето на суспензијата на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, Светската фудбалска федерација (ФИФА) направи преседан каков што досега не е виден, а беше сосема очекувано дека таквиот потег ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе поттикне преиспитување на секоја наредна дисциплинска санкција изречена на турнирот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Да потсетиме, на напаѓачот на САД му беше укината суспензијата која ја доби по директниот црвен картон заработен на натпреварот против Босна и Херцеговина, кога невнимателно стартуваше врз ногата на Тарик Мухаремовиќ.
Контроверзната одлука беше донесена непосредно пред четвртфиналниот натпревар против Белгија, а дополнителни реакции предизвикаа информациите дека целата ситуација имала политичка позадина и дека прописите биле занемарени по разговорот меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
По завршувањето на натпреварот меѓу Англија и Мексико, на оваа тема се осврна селекторот на Англија, Томас Тухел, кој јасно ги истакна разликите меѓу исклучувањето на Џарел Кванса и случајот со Балогун и побара доследност при носењето на одлуките.
„Да биде јасно, тоа не беше директен црвен картон. ВАР се вклучи и беше донесена одлуката. Кој сега може да ја поништи таа одлука, кога и врз основа на што? Тоа навистина ми е чудно. Бараме доследност“, изјави Тухел.
Германскиот стратег потсети и на други спорни ситуации од турнирот.
„Мислам дека Деклан Рајс не заслужи жолт картон. Дали сега ќе биде поништен и жолтиот картон на Мајкл Олисе, кој исто така не требаше да биде досуден? Каде почнува ова и каде завршува?“, праша Тухел.
На крајот порача дека Англија ќе ја разгледа можноста да поднесе жалба за црвениот картон на Кванса.
„Дали ќе се жалиме за црвениот картон на Кванса? Тоа треба да го разгледаме“, рече Тухел, а потоа со доза иронија ги „боцна“ функционерите на ФИФА:
„Можеби Хари Кејн треба да му се јави на претседателот Трамп.“
Клоп за поништениот црвен картон на Балогун: „Фудбалот е наша игра, а не нивна“


