Фото: Screenshot

ВИДЕО | Jуниорка на Вимблдон направи скандал, со рекетот удри навивач на трибините

Несекојдневен и скандалозен инцидент го одбележа јуниорскиот турнир на Вимблдон во женска конкуренција, откако 15-годишната германска тенисерка Ида Вобкер беше дисквалификувана поради опасен потег кон публиката.

Инцидентот се случи во мечот од првото коло против Марија Поп. Во моментите кога противничката имаше предност од 1:0 во сетови, а резултатот во вториот беше 5:5 и 30:0, младата Германка целосно ги загуби нервите.

По една неизнудена грешка, Вобкер најпрво силно го удри рекетот од тревата, а потоа го фрли кон трибините. Рекетот заврши меѓу гледачите и според информациите, погодил еден навивач.

По инцидентот, главниот судија веднаш го прекина натпреварот и по консултација со супервизорот донесе одлука германската тенисерка да биде дисквалификувана од турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот