Ибрахимовиќ за натпреварот на Франција и Парагвај: Ако јас играв, некого ќе испратев болница
Победата на Франција над Парагвај со 1:0 во осминафиналето на Светското првенство сè уште е една од главните теми во фудбалската јавност, а за натпреварот свое мислење даде и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Препорачано
Дуелот беше исполнет со многу жестоки стартови, прекини и тензии, поради што францускиот табор јавно го изрази незадоволството од критериумот на судијата. Парагвајците направија 13 прекршоци, но не добија ниту еден жолт картон, додека Французите за 11 фаули заработија три јавни опомени.
Ибрахимовиќ со доза на хумор призна дека тој тешко би останал мирен во ваков натпревар.
„Ова беше поинаков тест за Франција. Најважно беше да не дозволат да бидат испровоцирани и да не наседнат на триковите на противникот. Да бев јас на теренот, сигурно ќе добиев четири црвени картони, а можеби и некого ќе испратев во болница. Но, тоа е само шега, секако“, изјави Ибрахимовиќ.
Поранешниот шведски репрезентативец истакна дека не е љубител на ваков начин на игра и смета дека провокациите немаат место на фудбалските терени.
„Сакам да гледам вистински фудбал. Не ми се допаѓа кога некој намерно провоцира, затоа што тоа не треба да биде дел од играта. Французите останаа смирени, не влегоа во непотребни конфликти и го направија она што беше најважно. Постигнаа гол, победија и заедно со своите навивачи ја прославија победата. Тоа е најдобриот одговор што може да се даде“, порача Ибрахимовиќ.
Zlatan speaks on the composed performance France displayed against Paraguay 🇫🇷@Ibra_official pic.twitter.com/LEidzSGePh
— FOX Sports (@FOXSports) July 4, 2026


