Пијан татко ги тепал синовите, жени нападнати од поранешните партнери — деветмина насилници пријавени 24 часа
Во последното деноноќие девет луѓе биле пријавени во полициски станици дека извршиле семејно насилство, информира МВР.
Препорачано
Полициски службеници од ПС Тетово вчера во 23 часот го лишиja од слобода В.С. (62) од Тетово, постапувајќи по пријава од неговите два сина дека околу 21 часот во семејниот двор, нивниот татко В.С., кој бил под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички ги нападнал, а се заканувал и со остар предмет. Тој е задржан во полициска станица, информира МВР.
Вчера во 22:10 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.Д.(28) од Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 26-годишна вонбрачна партнерка, при што употребил и тврд предмет. По извршени проверки било констатирано дека Н.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,94 промили алкохол во крвта.
Во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчера во 20:40 часот го лишија од слобода Д.Ш.(24) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес и се заканувал на неговата 22-годишна поранешна партнерка и физички нападнал нејзин пријател. Насилникот бил приведен во полициска станица.
Полициски службеници од СВР Велес вчера и денеска извршија службени разговори со Б.А.(60), Е.А.(22) и 20-годишната Ш.Р., сите од Велес. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека во домот, Б.А.(32) од Велес бил физички нападнат од неговиот брат Е.А. кој употребил и дрвен предмет, а потоа и од неговата снаа Ш.Р. и неговиот татко Б.А.
Во СВР Скопје, денеска во 00:10 часот 41-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.07.2026 околу 20 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг З.Ј.(47) од Скопје.
Во Скопје, 21-годишна девојка од скопско, вчера во 20:20 часот пријавила дека добивала закани од нејзиниот 24-годишен партнер.
Во Штип, полициски службеници од СВР Штип вчера во 18:15 часот го лишија од слобода Р.С.(39) од Штип, по претходна пријава дека на 04.07.2026 околу 14:15 часот во семејниот дом на неговата 35-годишна поранешна сопруга и упатувал закани и ја прекршил судската одлука со која е изречена мерка за заштита од семејно насилство.
Во Полициската канцеларија Пехчево, вчера во 23:30 часот 46-годишна жена од Пехчево пријави дека околу 21 часот пред угостителски објект во Пехчево била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Берово.
Еден насилник уапсен, од вкупно шест пријавени за семејно насилство


