ВИДЕО | Страшно невреме во Индија — шестмина загинаа, свлечишта и поплави го блокираа градот
Најмалку шест луѓе, меѓу кои и пет деца, загинаа вчера во стравична бура која го зафати индискиот град Мумбаи, поради која се урнаа неколку згради, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Несреќата е последица на обилните дождови што предизвикаа хаос, го нарушија сообраќајот и доведоа до затворање на училиштата во градот.
Две до три повеќекатни згради во сиромашна населба во областа Манкурд во Мумбаи се урнале, при што загинале пет мали деца и една жена.
Current visuals from Virar in Mumbai, India show widespread flooding as heavy rain continues. #MumbaiRains pic.twitter.com/9SIjYz257E
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 6, 2026
Обилните дождови предизвикале и свлечишта на автопатот што ги поврзува Мумбаи и Пуна, поради што патот бил затворен, а сообраќајот меѓу двата града сериозно нарушен.
На видеоснимки се гледаат заглавени автомобили, паднати дрвја и жители кои се движат низ поплавените улици.
Покрај патниот сообраќај, нарушен бил и авиосообраќајот, а откажани биле и повеќе железнички линии на долги релации, меѓу кои и возовите што сообраќаат меѓу Мумбаи и Пуна.
Во Мумбаи наврнале над 100 милиметри дожд, а во некои делови и до 161 милиметар, соопштија локалните служби.
Индиската метеоролошка служба прогнозира дека во текот на денешниот ден во повеќе делови од регионот ќе има „многу слаби до слаби“ врнежи од дожд.


