Фото: Принтскрин од видео на Зеленски

„Русите подготвуваат нов масовен напад пред самитот на НАТО“: Зеленски се повика на разузнавачки информации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разузнавачките служби имаат информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина. Тој предупреди дека нападот може да се случи помеѓу Денот на независноста на САД и претстојниот самит на НАТО во Анкара (7 и 8 јули), пишува „Киев индепендент“.

„Имаме разузнавачки информации дека Русите подготвуваат нов масовен напад. Тоа е во духот на Путин – веднаш по Денот на независноста на САД и пред самитот на НАТО во Анкара. Русија сака да предизвика повеќе зло и да убива луѓе. Ве молиме бидете безбедни и обрнете внимание на предупредувањата за опасност од воздух“, рече Зеленски преку социјалните мрежи.

Зеленски, исто така, им се обрати на меѓународните партнери на Украина, повикувајќи ги да не ја одложуваат испораката на ракети за воздушна одбрана.

„Секое одложување со ракети за нашата воздушна одбрана, со ракети за Патриот, чини човечки животи и ја охрабрува Русија да продолжи со борбата“, истакна тој.

Тој изјави дека светот има потребно количество и квалитет на противвоздушна одбрана и дека одлуките на партнерите се потребни за да се заштити животот во Украина.

Наредив 40-дневна кампања да ја принудиме Русија да ја заврши војната, вели Зеленски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот