Бран апсења во Грција: 20 приведени поради пожарите
Во првите пет дена од јули, во Грција се уапсени 20 лица за предизвикување пожари од небрежност, што претставува повеќе од десет проценти од апсењата за предизвикување пожари, од вкупниот број на вакви апсења од почетокот на годината, објави грчката противпожарна служба.
Препорачано
Во исто време со апсењата, изречени се 20 административни казни, во вкупен износ од 55.005 евра, објавува „Катимерини“.
Противпожарната служба објави дека од почетокот на годината се извршени вкупно 164 апсења за предизвикување пожари.
Апсењата се однесуваат на пожари предизвикани при работа со отворен пламен, употреба на алатки што произведуваат искри, земјоделска механизација, палење на вегетација и остатоци од култури, како и други небрежни дејствија што се извршени со кршење на важечките прописи и во услови на зголемен ризик од појава и ширење на пожар.
Во соопштението се наведува дека се истражени причините за избувнувањето на пожарот на Халкидики, Фаркадона, Трикала, Аталанта, Солун, Гумениса, Гревена, Кукуш и Ореокастро, каде што истражните служби веднаш започнале со идентификување на сторителите и спровеле итна постапка, по што сторителите биле уапсени.


