Фото: Илустрација

ФОТО | Уапсен педофил во Истра, снимал голи деца со специјални очила

Во Истра е уапсен 63-годишен словачки државјанин под сомнение дека со очила со вградена камера тајно снимал голи деца, објави хрватски „Индекс“.

Мажот бил приведен откако во туристички објект го забележал стражар, а полицијата кај него пронашла компромитирачки материјал.

Инцидентот се случил на 2 јули околу 16:30 часот, кога вработен во компанија за обезбедување во туристички објект на подрачјето на Истра го забележал Словакот како тајно снима деца.

Го задржал до доаѓањето на полицијата, која спровела криминалистичка истрага и кај 63-годишникот пронашла материјал што го товари за кривично дело искористување деца за порнографија.

Полицијата објави фотографија од очилата.

Фото: Полициска управа на Истра

 

По завршувањето на истрагата, осомничениот на 3 јули во попладневните часови, со кривична пријава, бил предаден во притворската единица на Полициската управа на Истра.

Од полицијата порачаа дека ваквите криминалистички истраги покажуваат оти јавноста е сè посвесна за проблемот со снимање деца и дека граѓаните сè почесто препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена реакција и приведување на сторителите.

Тие упатија апел до родителите да внимаваат на своите деца, да следат каде се наоѓаат и што прават на плажа, како и да им облекуваат костими за капење.

Полицијата ги замоли граѓаните доколку забележат сомнителен човек што снима деца, веднаш да ја известат полицијата.

Воспитувач од Србија осуден на 20 години затвор — фотографирал голи деца во градинка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот